Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Oдбележување на Недела на борба против дијабетес (10-16 октомври 2024 година)

2024-10-14

Oдбележување на Недела на борба против дијабетес (10-16 октомври 2024 година)

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 10-16 октомври 2024 година традиционално ќе ја одбележи Неделата на борба против шеќерна болест (дијабетес) под мотото “Здрави животни навики во превенција на дијабетес – Едуцирај се и превенирај дијабетес,,. Целта на кампањата е подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетесот  и негова превенција преку воспоставување на здрави животни навики.

Шеќерната болест (дијабетес) е хронично заболување, кое се јавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин или пак кога веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи. Смртноста од оваа болест на годишно ниво е застапена со 5 %. Најголем број на случаи заболени од дијабетес се на возраст од 45 до 64 години. Во Република Северна Македонија има околу 200.000 лица со дијабет тип 1 и тип 2.

Со цел заеднички да придонесеме во континуираните напори за превенција на дијабетесот, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе организираат едукативни работилници, споделување на објави на социјални медиуми и многу други активности за подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на дијабетесот. Преку овие едукативно превентивни активности  ќе се опфатат различни целни групи со посебен акцент кон популацијата на возраст од 35-55 години.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025